Документи и фотографии откриваат: Израел им продал напредни воени системи на Катар и Саудиска Арабија

Од:

Израелските компании Elbit Systems и Israel Aerospace Industries склучиле воени договори вредни стотици милиони шекели со Катар и Саудиска Арабија, покажуваат документи и фотографии објавени од израелскиот весник „Хаарец“.

Според информациите, двете заливски држави добиле напредни системи за противракетна одбрана, како и современи пилотски кациги и друга опрема за борбените авиони F-15.

Иако Катар и Саудиска Арабија немаат официјални дипломатски односи со Израел, за разлика од земјите потписнички на Аврамовите договори, документите укажуваат дека безбедносната и воената соработка меѓу нив се одвивала преку доверливи канали.

Според „Хаарец“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобрил воени договори со Катар вредни повеќе од 100 милиони долари. Меѓу нив се и системи на компанијата Elbit Systems за заштита на авионот на катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани.

Анализата на јавно достапни фотографии покажува дека три авиони од кралската флота на Катар се опремени со системот C-MUSIC, кој служи за откривање и неутрализирање на ракети земја-воздух со инфрацрвено наведување. Системите биле инсталирани во периодот од 2020 до 2022 година за време на сервисирање на авионите во Базел, Швајцарија.

Израелските компании биле вклучени и во програмата за опремување на катарските борбени авиони F-15QA. Преку подизведувачки договори со американскиот производител Boeing биле испорачани напредни пилотски кациги JHMCS, кои овозможуваат пилотот да управува со оружјето само со насочување на погледот кон целта. Катар набавил 160 вакви кациги во зделка вредна околу 35 милиони долари, како и системи за ноќно набљудување.

Документите на американското Министерство за одбрана покажуваат дека и Саудиска Арабија индиректно набавила израелска воена технологија преку програмата за модернизација на своите авиони F-15SA.

Во рамките на тој договор биле испорачани 462 пилотски кациги JHMCS и исто толку системи за ноќно набљудување AN/AVS-9. Според проценките, вредноста само на испорачаните кациги достигнува околу 100 милиони долари.

Фотографии објавени на интернет, како што наведува „Хаарец“, покажуваат дека саудиските воени пилоти активно ја користат оваа израелска технологија.

Би можело да ве интересира

Од Израел му честитаа на Јанша за одлуката да го повлече признавањето на Палестина: „Ова е вистинската страна на историјата“

ВИДЕО: Русија повторно го нападна Киев со балистички ракети, погодена и термоелектрана на Крим

ВИДЕО: Чудо во Венецуела: 11-годишно момче извлечено живо од урнатините три дена по разорниот земјотрес

Нова ескалација меѓу САД и Иран: Размена на напади, Трамп со остра закана кон Техеран

Европа се претвора во „печка“: Научниците открија зошто континентот се загрева побрзо од остатокот од светот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Градоначалникот на Њујорк ја отвори сезоната на капење со скок во базен – облечен во одело