Медведев му порача на Киев: Нема повеќе правила во конфликтот со Украина

Од:

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека по масовните напади од страна на Украина на руска територија, никакви правила повеќе не можат да важат за она што го нарече „неонацистички Киев“.

Тој на мрежата Max изјави дека, со оглед на зголемениот број напади врз руски градови, „веќе нема никакви правила и не може да има никакви“ во справувањето со Украина, нагласувајќи дека, според него, интензитетот на конфликтот дополнително ќе се зголеми.

Медведев особено нагласи дека, како што тврди, силите на Киев намерно вршат напади врз цивилното население, оценувајќи ги таквите дејствија како „надвор од границите на она што е прифатливо“ за руската страна.

Во истата изјава, Дмитриј Медведев се осврна и на наводите за можно формирање концентрациони логори за граѓани на европски земји, наведувајќи дека Русија нема и не разгледува такви планови. Тој реагираше на она што го нарече „бесмислени“ дискусии во одредени европски кругови, велејќи дека Русија „нема да создава логори за Европејци“.

Тој исто така додаде дека таквите мерки, рече тој, не се неопходни во услови на потенцијален конфликт, со контроверзна забелешка за последиците од војната.

По повод Денот на Русија, Дмитриј Медведев објави и видео генерирано од вештачка интелигенција кое прикажува уништување на фотографии од европски политичари, додека на крајот од видеото се слуша руската национална химна.

Би можело да ве интересира

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН