Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин му соопштил на специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, дека Русија е подготвена во ноември да ги обнови трилатералните разговори за Украина, изјави помошникот во Кремљ, Јуриј Ушаков.

Помошникот на претседателот, Јуриј Ушаков, откри клучни детали од разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, одржани во Санкт Петербург.

Според Ушаков, Виткоф изјавил дека американскиот претседател Доналд Трамп со задоволство би ја поздравил подготвеноста на Русија за обновување на трилатералните разговори за Украина. Ситуацијата во Украина била централна тема на средбата, при што Путин и Виткоф продолжиле да разменуваат мислења за начините за постигнување траен мир, надоврзувајќи се на претходниот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп.

Виткоф укажал на нови пристапи од страна на Украина и европските земји за решавање на конфликтот, иако Ушаков напоменал дека тие содржат малку што би имало практична вредност. Путин го запознал Виткоф со состојбата долж линијата на фронтот.

„Владимир Путин му претстави на Стив Виткоф објективна слика за ситуацијата на линијата на фронтот, каде што руските сили ја имаат целосната стратешка иницијатива“, изјави Ушаков за новинарите.

Двете страни, исто така, детално разговарале за можноста за реализација на големи заеднички економски проекти меѓу Русија и САД. Договорите меѓу Русија и САД кои се однесуваат на испораките на дизел гориво ќе помогнат во стабилизирањето на понудата и побарувачката на глобалниот пазар на горива, наведе Јуриј Ушаков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

Виткоф се среќава со Путин во Санкт Петербург

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп