Дмитриев: Западот затвора очи пред корупцијата во Киев

Од:

Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претседателски претставник за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, изјави дека западните медиуми не сакаат да ги отворат очите за корупцијата во Украина.

– Западните медиуми се многу бавни и неволни да ги отворат очите за документираните случаи на корупција во Украина, напиша Дмитриев на својата страница на социјалната мрежа X, коментирајќи ја објавата во француското списание Експрес за извештаите во украинскиот печат кои откриваат корупција меѓу луѓе блиски до Владимир Зеленски.

На 1 мај, „Украинска правда“ го објави вториот дел од снимките во кои бизнисменот и соработник на Зеленски, Тимур Миндич, разговара за договори за одбрана вредни повеќе милиони долари со Рустам Умеров, кој беше министер за одбрана на Украина до јули 2025 година. Поточно, разговорот се однесуваше на договор со компанијата за одбранбена технологија „Фајр Поинт“, чиј клиент е самиот Миндич.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за руски шпион во Украина

А1он

Има загинати и повредени во руски напад врз Полтавa

Четворица загинаа, 28 се повредени во напад со украински дрон на Крим

Зеленски: Знаеме за секоја фабрика во Белорусија што работи за Русија и за војната

Зеленски: Украинските сили ја погодија руската воена логистика, нафтената индустрија и системите за воздушна одбрана

Милер: Украина да ги врати тенковите што ги доби од Полска