Песков: Намалувањето на руската понуда на нафта ќе доведе до уште поголемо зголемување на светските цени

Од:

Намалувањето на понудата на руска нафта на светскиот пазар ќе доведе до уште поголемо зголемување на светските цени, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, блокадата на Ормутскиот теснец веќе доведе до многу помала понуда на нафта на глобалниот пазар отколку што треба да биде, пренесува РИА Новости.

„И ако дополнителни количини на нашата нафта отсуствуваат на пазарот, цените ќе се зголемат уште повеќе во споредба со сегашните, кои моментално се над 120 долари“, рече Песков.

Тој оцени дека зголемувањето на светските цени на нафтата ќе влијае и на руските компании, кои, како што рече, ќе заработат повеќе дури и со помал обем на извоз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“