Израелската армија: Убиени тројца оперативци на Хезболах

Од:

Израелската војска соопшти дека убила тројца оперативци на либанската милитантна група Хезболах кои испукале противвоздушна ракета кон израелски дрон над јужен Либан.

Во соопштението се вели дека обидот за соборување на израелскиот дрон бил неуспешен, објави „Тајмс оф Израел“.

Војската соопшти дека во одделен инцидент, Хезболах нападнал војници кои дејствувале во јужен Либан со дрон полн со експлозив, при што лесно повредил еден резервист. Како одговор, израелската војска соопшти дека нападнала позиции на Хезболах во областа.

Во друг инцидент, Хезболах испукал неколку ракети кон израелските војници кои дејствувале во областа Аината, во близина на Бинт Џбеил, но немало повредени, се вели во соопштението. Се забележува дека израелската војска денес уништила и два ракетни лансери на Хезболах во јужен Либан.

Десетдневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан стапи на сила во ноќта меѓу 16 и 17 април.

Би можело да ве интересира

Бен Гвир по смртта на четворица израелски војници: Цел Либан мора да изгори

Загинаа четворица израелски војници

Либан е главна тема на преговорите на Иран со САД

Горан Наумовски

Смотрич: Израелските одбранбени сили остануваат во безбедносната зона во Либан

Горан Наумовски

Москва тврди: „Израел е ранет и незадоволен – ќе се одмазди“

(ВИДЕО) Ганц: „Биби треба да си оди дома“