Хезболах се заканува на Израел: Го држиме прстот на чкрапалото

Од:

Хезболах објаи дека „го држи прстот на чкрапалото“ во случај на какво било „предавство или измама“ од страна на Израел за време на тековното примирје во Либан.

Во соопштение објавено на Телеграм, групата поддржана од Иран ги разгледа своите минати дејствија во конфликтот, наведувајќи дека помеѓу 2 март и 16 април, спровела вкупно 2.184 операции против Израел.

Хезболах, кој е прогласен за терористичка организација во голем број земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, не учествувал во преговорите за прекин на огнот. Наместо тоа, Израел преговарал со либанската влада.

Реагирајќи на веста за примирјето во четврток, Хезболах изјави дека „секое примирје мора да биде сеопфатно на целата територија на Либан и не смее да му дозволи на израелскиот непријател никаква слобода на движење“.

Израел се согласи на привремено примирје од десет дена, но премиерот Бенјамин Нетанјаху нагласи дека израелските сили ќе останат во „безбедносна зона“ на либанска територија за време на траењето на примирјето.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“