Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Од:

Членките на НАТО немаат обврска да им помагаат на САД и Израел во војна со Иран, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат откако американскиот претседател Доналд Трамп им даде ултиматум на сојузниците да најдат решение за повторно отворање на Ормутскиот теснец во рок од неколку дена, објави „Еуроњуз“.

Трамп му го постави ултиматумот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на неговата посета на Вашингтон. Руте е таму за серија состаноци, вклучувајќи состанок зад затворени врати со американскиот претседател, како и со државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет.

И покрај привременото прекин на огнот договорено во вторник вечерта за враќање на сообраќајот, само ограничен број бродови успеаја да поминат низ теснецот. Коалиција од околу 40 земји, претежно членки на НАТО плус Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, работеше на стратегија за обезбедување на водниот пат по завршувањето на конфликтот. Но, Трамп инсистира на итно решение кое би вклучувало распоредување на воени ресурси и поморски сили.

Турскиот министер за трговија Омер Болат, во разговор за „Еуроњуз“, ја нагласи одбранбената природа на алијансата.

„НАТО е првенствено присутен како сила за одвраќање за зачувување на мирот и безбедноста на европскиот континент, но и во светот“, рече Болат.

На прашањето дали членките на НАТО имаат право да го потсетат Трамп дека алијансата е од дефанзивен карактер и дека не била вклучена во планирањето на конфликтот, Болат одговори: „Да“.

Членовите на НАТО претходно ги отфрлија повиците на САД за поддршка на воена кампања во Иран, велејќи дека не биле консултирани пред нападот. Тие, исто така, ја потврдија одбранбената природа на алијансата и ги отфрлија тврдењата на Белата куќа дека биле должни да интервенираат заедно со САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он