Протестите во Иран под лупа: Трамп најавува „силен удар“ ако има жртви

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран ќе биде „многу силно погоден“ ако демонстрантите бидат убиени за време на сегашните протести во земјата.

„Ги следиме многу внимателно. Ако почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото, мислам дека САД ќе ги погодат многу силно“, изјави Трамп пред новинарите во „Ер Форс Уан“, објави денес „Ле Фигаро“.

Протестите започнаа на 28 декември минатата година во Техеран, кога трговците ги затворија своите продавници во знак на протест против хиперинфлацијата и тешката економска состојба, а потоа прераснаа во движење со политички барања.

Според официјалните бројки, во демонстрациите загинаа најмалку 12 лица, вклучувајќи и припадници на безбедносните сили, додека организациите за човекови права велат дека бројот на жртви е најмалку 16.

Ова се најголемите протести во Иран од крајот на 2022 година, кога земјата беше зафатена од бран демонстрации по смртта во притвор на Махса Амини, по нејзиното апсење поради кршење на строгите правила за облекување за жените.

Би можело да ве интересира

Пристигна потврда од Америка: Мировниот договор е потпишан

Израел e загрижен, Нетанјаху бара итна средба со Трамп

Авион се урна во Мисури, загинаа 11 падобранци и пилот

Хезболах ги продолжува нападите врз северен Израел по нападот во Бејрут

„Лош договор!“ Израел со жесток удар по сојузот меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

Гарибабади: Укинувањето на сите санкции врз Иран ќе биде приоритет за време на 60-дневните преговори