Повеќето Американци сметаат дека Трамп ја користи својата функција за лично богатење

Од:

Новата анкета на AP-NORC покажува дека мнозинството Американци сметаат оти Доналд Трамп профитира од својата функција на неетички или незаконски начин и дека е повеќе фокусиран на сопственото богатство отколку на помагањето на луѓе како нив.

Додека семејните бизниси на Трамп остваруваат рекорден приход од нови потфати – поттикнати од неговите политики – анкетата спроведена од AP и Центарот за истражување на јавните работи NORC открива дека, во однос на обвинувањата за профитерство, околу шест од десет возрасни Американци (60 проценти) веруваат оти тој или незаконски профитира или се впушта во однесување што е неетичко, но не и незаконски.

Само двајца од десет Американци (20 проценти) сметаат дека републиканскиот претседател не прави ништо погрешно, додека сличен процент велат дека не знаат доволно за да формираат јасно мислење за ова прашање.

Нешто повеќе од 50 проценти од Американците сметаат дека Трамп силно им дава приоритет на своите лични финансиски интереси откако ја презеде функцијата, додека само околу една четвртина веруваат дека тој посветува еднакво внимание на земјата во целина.

Мал број возрасни лица – околу еден од десет – сметаат дека Трамп е силно фокусиран на луѓе како нив. Трамп го отфрли прашањето за судир на интереси на почетокот на својот втор мандат, изјавувајќи за „Њујорк тајмс“ дека „сфатил оти на никого не му е грижа за тоа“, пренесува AP.

За разлика од неговиот прв мандат, овој пат тој ја укина самонаметнатата забрана за склучување договори на неговото семејство со приватниот сектор и самиот започна неколку нови потфати поврзани со криптовалути.

Резултатите од анкетата покажуваат дека мнозинството возрасни Американци сметаат оти зголемувањето на личното богатство било во фокусот на Трамп за време на неговиот втор мандат, барем до одреден степен. Само една четвртина од испитаниците веруваат дека тој им дава приоритет на личните деловни интереси „само малку“ или „воопшто не“ – група што вклучува помалку од половина од републиканците.

Би можело да ве интересира

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво

Трамп: Хутите се однесуваат многу лошо, можеби Ердоган би можел да интервенира

Горан Наумовски

„Волстрит џурнал“: Иран ја зајакнува одбраната и се подготвува за нови напади

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија

Трамп се брани по договорот со Путин: „Донесов правилна одлука за Американците“

Судот во Њујорк забрани финансирање реклами што го величаат Трамп со јавни пари