(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Од:

Овој буџет не е развоен. 90% од буџетот отпаѓа на тековни расходи. Само 9.7% одат на капитални инвестиции, дури и помалку, затоа што е ставено и НАТО во капитални инвестиции, небаре пукање бомби носат економски раст и создаваат некаква економска вредност, истакна пратеникот Крмов во своето обраќање по однос на Буџетот на денешната Седница.

Во продолжение, пратеникот од Левица даде посебен акцент на фактот дека секој трет денар во овој Буџет е предвидено да дојде од задолжување.

„31% од овој Буџет се предвидени од задолжување. Значи секој трети денар е од странски пари. Над 1.6 милијарди враќаме долгови секоја година. Додадете ги тие пари на пензискиот фонд којшто е 2,4 милијарди евра, ние имаме буквално пола буџет којшто е долгови и пензии.“

Крмов рече дека „Спрема тоа како се има трошено милијардата од Унгарија, ние гледаме како ќе се трошат 6 милијарди од Британија“ и потсети на барањето од Левица јавно да се сподели кои фирми ги добиле парите од кредитите коишто народот ќе ги плаќа, но власта одлучила да го крие нивниот идентитет.

„Како прво 250 милиони кои отидоа во приватниот сектор и ден денес ги криете фирмите. Левица упати барање до Министерството да ги објавите фирмите, ние имаме добиено одговор ‘дека ќе бил нарушен интересот на фирмите’. Значи приватниот интерес на фирмите е пред јавниот интерес. Тоа не носи до сомнеж дека тие пари имаат отидено кај фирмите блиски до ДПМНЕ.“

Пратеникот од Левица заклучи дека Буџетот којшто го проектира власта за 2026 година е потрошувачки, и предвидува само десетина проценти за капитални инвестиции, за чијашто реализација се сомнева.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он