Фински аналитичар: Америка ѝ помага на Русија да го понижи НАТО

Од:

Соединетите Американски Држави, преку својата улога во изготвувањето на мировниот план за Украина, ѝ помогнаа на Русија да го стави НАТО во понижувачка позиција, според авторот на статијата во финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Анализата нагласува дека предложените одредби од американскиот план покажуваат „целосно понижување на Русија во однос на позицијата на НАТО“, истакнувајќи дека Вашингтон, со одлука на национално ниво, би можел да го блокира патот на Украина кон Алијансата. Таквата позиција, додава, би го довела во прашање фундаменталниот принцип на колективно донесување одлуки во рамките на НАТО.

Туомас Форсберг, професор по меѓународни односи на Универзитетот во Тампере, оцени дека овој пристап на Соединетите Американски Држави би можел да има далекусежни последици.

„Ако НАТО се распадне, тоа ќе биде поради вакви акции“, рече Форсберг, предупредувајќи дека внатрешните несогласувања и едностраните потези на водечките членки би можеле да ги ослабнат самите темели на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Кремљ го отфрли најновите предлози за мир во Украина

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски