Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека заканите и санкциите против Иран мора ефективно да се укинат за да се создадат услови за дијалог.
Во објава на платформата „Икс“ (X), тој истакна дека преговорите се бесмислени сè додека се засилуваат притисоците и се ограничуваат можностите за соработка.
„Не може постојано да се зголемува интензитетот на санкциите и притисокот – со што се затвораат патиштата за интеракција – а истовремено да се зборува за преговори. Дијалогот што се води преку јазикот на закани и притисоци нема никаква смисла“, напиша Пезешкијан.
