Протераниот лидер на Хамас во Газа, Калил Ал-Хаџа, вечерва изјави дека војната е завршена и дека започнал траен прекин на огнот.
Според него, договорот вклучува:
– отворање на преминот Рафа во двата правци
– ослободување на сите палестински жени и деца од израелските затвори.
– гаранции од САД, арапските посредници и Турција дека војната во Газа е трајно завршена.
Од друга страна, високиот функционер Осама Хамдан вели дека „ниту еден Палестинец не прифаќа разоружување“ и дека на Палестинците „им е потребно оружје и отпор“.
Изјавата е во спротивност со клучниот елемент од мировниот план на Доналд Трамп од 20 точки за Газа, кој повикува на разоружување на Хамас. Исто така, се чини дека е во спротивност со изјавите на другите лидери на Хамас.
Порано денес, портпарол на израелската влада изјави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила „во рок од 24 часа“ по состанокот на израелскиот кабинет во полн состав.