Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека евентуалното дипломатско решение за војната во Украина би можело да вклучува отстапување на дел од украинската територија, споредувајќи го можното решение со Финска по Втората светска војна.
– Го користам примерот на Финска за да покажам како завршуваат војните, рече Столтенберг во интервју за Фламанското радио и телевизија, истакнувајќи дека Финска морала да отстапи 10 проценти од својата територија по советската инвазија и Втората светска војна.
Тој верува дека слично сценарио би можело да ја снајде Украина.