СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Од:

За огромен криминал во Малешевијата уапсени беа 15 лица, меѓу нив и директори, полициски началници и шумски полицајци, осомничени за злосторничко здружување и пустошење на шуми со штета од над 100 милиони евра.

Но, она што е симптоматично е молкот на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто е овој молк, праша на прес конференцијата на СДСМ, Маја Борозан.

Дали ДПМНЕ молчи затоа што во „периметарот“ на акцијата се наоѓа и началникот на шумската полиција и воедно кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Митко Костадиновски?

Дали како создавачи на ова злосторничкото здружение се токму началниците на ОВР Делчево и шумската полиција, партнерите во криминал Блашко и Митко?

Дали истите двајца го координирале движењето на незаконски исечената дрвна маса за да заврши во една делчевска компанија од дрвната индустрија?

ДПМНЕ и Костадиновски должат одговори на овие прашања.

Костадиновски е началник на шумската полиција, има највисока раководна позиција на органот кој е задолжен да ја чува шумата, да ги спречува уништувачите на шумите, бесправните сечи и шумските кражби.

Или началникот на шумската полиција Митко Костадиновски е инволвиран, или кандидатот за градоначалник на општина Виница од ВМРО ДПМНЕ е неспособен соодветно да ја извршува својата функција.

Трето нема.

Уште пострашно, Костадиновски има и судска пресуда од 2012 година за недозволено држење оружје и муниција.

Ете ова е „кадарот“ што ВМРО-ДПМНЕ им го нуди на граѓаните.

Митко Костадиновски не може и не смее да биде прв човек на Виница.

Граѓаните заслужуваат подобро и затоа ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, ќе покажат дека сакаат промени, чесни и одговорни луѓе, рече Борозан од прес конференцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ