Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Од:

Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица. Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Апасиев, од левичарска и работничка партија, ја претвори Левица во елитистички партија со која гази врз сопствените членови. Доказ за тоа е купувањето на конфискуван недвижен имот во центарот на градот, за цена од 250 илјади евра, многу пониска од реалната.Јавноста беше замајувана дека тоа не е вистина, но сепак вистината излезе на површина, а тоа е дека просторот навистина е купен преку директен договор со извршител и банка, за кои Левица долги години беше против.Истата таа Левица, и истиот тој Апасиев, кои до вчера ги обвинуваа другите за корупција и за привилегии, денес самите стануваат дел од истите практики. Од граѓаните бараат донации, а парите завршуваат во џебот на партискиот врв. Од другите пратеници бараат отчет за патни трошоци, додека самите го прават истото, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата