ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

Од:

СДС е олицетворение на хипокризија. Венко Филипче и неговите другари од СДС едно зборуваат претпладне, друго прават попладне.Претпладне се загрижени за пожарите, многу очигледно дека се подметнати, и им солат памет на граѓаните, не излегувајте од дома, ако мора да излезете носете маски и слично. Но, веќе попладнето, поточно приквечер си собраа дружина излегоа во Градски парк, се сликаа, правеа селфиња, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е првиот аспект, кој е вториот? Многу очигледен, а тоа е дека станува збор за подметнување пожари и тоа во депонии или нивна близина. Очигледно затоа што не е реално за неколку дена да горат само депонии ли да се отвора секој ден ново жариште.

Справувањето од страна на надлежните со пожарите летово беше евидентно, па некој од групацијата СДС-ДУИ очигледно одлучи да се поигрува со граѓаните и да потпалува депонии.

Скопксите градоначалници се борат четири години за поефикасно справување со отпадот, за почист воздух и тоа првите три години без никаква помош од централната власт, да не констатираме дека само им одмагаше групацијата СДС-ДУИ.

Сега на дело е функционалноста на системот и сите надлежни сегменти за овој дел во него. Постапуваат сите надлежни институции.

По ова ќе следи одговорност за секој еден кој прави се за власт, а на штета на граѓаните.

Хипокризијата кај СДС е се поизразена, наутро сеат страв, навечер прават журки во парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии, одговорност ќе има.

Палењето пожари, предизвикувањето еколошка катастрофа во овој момент има назив, тоа е групација од СДС и ДУИ, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН