ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Од:

Додека градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и лидерот на СДС, Венко Филипче, се сликаат пред шарени ѕидови, вистинската слика на Центар е срам и доказ е токму „свечено промовираниот“ мурал на фасада која пропаѓа, со рѓосани огради, искршени прозорци и влага по ѕидовите.

Не е проблемот во младите уметници, напротив, тие заслужуваат поддршка и вистински услови. Проблемот е што Герасимовски и Филипче мислат дека со неколку бои може да го покријат срамот од децении запуштени згради, небезбедните балкони и урбаната запуштеност.

Ова не е грижа за Центар, ова е турбо-фолк бижутерија за политички пи-ар.

Граѓаните не живеат во мурали, тие живеат во згради што пропаѓаат и во маало без инфраструктура.

Време е да се престане со лажниот сјај и да се почне со вистинска работа: реконструкции, инвестиции и подобрување на животниот стандард.

Токму ваквите евтини претстави се причината зошто СДС денес е делегитимирана и казнета од граѓаните, затоа што наместо реални решенија нуди фасадни маски и празни фотографии.

Центар бара дела, не позирања, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски