СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Од:

Тие што ја доведоа партијата до историски пораз во 2024 година. Тие што ја предадоа партијата на ВМРО. Тие што заедно со Максим Димитриевски и руската Левица бараат реформи во СДСМ, се вели во реакцијата на СДСМ по соопштението на Платформата 12 и 05 во врска со резултатите од вонредните избори за градоначалник во Брвеница.

– Тие што добија тендер од 1,6 милиони евра. Тие што го бранат трговецот со оружје што му плаќа на Мицкоски лобирање за американска ходник дипломатија. Тие што набавуваат хеликоптери, па ВМРО го става случајот во фиока.

Тие што дозволија Артан Груби да игра фудбал по канцеларии. Тие што ја пишуваа програмата, што беа шефови на штабови по изборни единици, носители на листи на најголемиот пораз на СДСМ.

Тие што потпишуваа петиција за ослободување на Орце Камчев. Тие што молчеа кога се носече Кривичниот закон за да се ослободат некои.

Истите тие денес ја обвинуваат СДСМ за резултатот во Брвеница – резултат што е поголем од нивниот и подобар од лани за 46 проценти.

Тие се повикуваат на анкетата на ВМРО платена 400.000 евра, анкета што не можеше повеќе да го скрие падот на ВМРО и на арамијата Мицкоски, што мораше да објави пад на повеќе од 40 проценти.

Кому му пишува текст Ивона Талевска, па се однесуваат како портал на ВМРО, како Орбанов медиум што тврди дека некој договара влез во влада со Мицкоски?

Каква жолта штампа е Платформата – ЗНАМ 2.0. Лош ученик на Латас.

Треба ли уште објаснувања за овој нов сателит на Мицкоски? Дали има уште некој на кого не му е јасен овој обид за внесување немир во редовите на СДСМ?

Не поминува. Прочитани сте одамна. СДСМ не се предава на кафеана, хотел и тендер. СДСМ не е на продажба. Македонија не е на продажба, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски