Полјаците направија хаос во Белград: Скршени излози, полицијата приведува хулигани

Од:

Група полски навивачи, кои дојдоа во Србија да го бодрат Лех на натпреварот против Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на шампионите, скршија неколку излози во центарот на Белград.

Групата полски навивачи вклучува навивачи на Лех, Краков и ЛКС Лоѓ.

Белградските медиуми јавуваат дека група полски навивачи скршиле неколку излози на улицата Кнез Михаилова, а полицијата брзо интервенирала и почнала да ги апси хулиганите.

Наводно, десет од нив се уапсени.

Белградските медиуми објавија дека во моментов има околу 1.000 полски навивачи во главниот град на Србија.

Реванш натпреварот од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу Црвена звезда и Лех ќе се игра вечерва во 21:00 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Би можело да ве интересира

Ја допирал внуката по телото и се обидел да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он

Момче изгуби свест за време на опасна „игра“ со соученик

А1он

Лукашенко: Полска и балтичките земји шират гласини за наводен напад од страна на Белорусија

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев