Новата драма околу Кристијано Роналдо доби бизарен пресврт, откако португалскиот фудбалер преку приватна порака до новинарот Пирс Морган се пресмета со англискиот аналитичар и водител Сајмон Џордан.
Морган гостувал во емисијата на talkSPORT, каде жестоко го бранел Роналдо во вербалната пресметка со Џордан. Потоа, Морган јавно открил каква порака му испратил Роналдо по гостувањето.
„Сакам да ви пренесам една забавна порака. Му испратив на Кристијано снимка од моето гостување со Сајмон Џордан, а тој ми одговори: ‘Кажи му на тој плавокосиот да престане со ботокс, изгледа како јаболко’“, раскажа Морган.
Случајот е продолжение на скандалот кој го потресува португалскиот фудбал. Роналдо самоволно го напушти репрезентативниот камп откако остана на клупата во победата над Норвешка во Осло.
Cristiano Ronaldo tells Simon Jordan to lay off Botox in savage text – ‘Looks like an apple’
https://t.co/JvgArKDUUK
https://t.co/JvgArKDUUK— Daily Star Sport (@DailyStar_Sport) October 8, 2026
Легендарниот напаѓач тврди дека селекторот Жорже Жезус не го испочитувал ветувањето дека ќе добие најмалку 30 минути на теренот.
Роналдо подоцна им се извини на навивачите и порача дека си заминал затоа што не сакал да ја наруши атмосферата во тимот.
„Ниту во еден момент во кариерата не сум се мешал во тактичките одлуки на тренерите. Ги прифаќам нивните замисли, но кога ќе го прекршат дадениот збор, чувствувам дека повеќе не ми е местото таму. Ги спакував куферите и си заминав за да не му наштетам на тимот“, изјави Роналдо.
Во меѓувреме, жестоката расправија меѓу Морган и Џордан продолжила и следното утро во радио-емисија. Џордан го нападнал Морган поради неговиот, како што рекол, пристрасен став кон Роналдо и го обвинил дека „ползи“ пред португалската ѕвезда.
На коментарот за ботоксот и изгледот како јаболко, Џордан возвратил во свој стил.
„Немаш никаков кредибилитет, Пирс. Никој повеќе не сака да го слуша твоето пристрасно додворување на Роналдо само затоа што мислиш дека ти е пријател. А што се однесува до ботоксот? Би сакал да го користам, искрено мислам дека тоа е прилично ласкаво“, му порачал водителот.
