Лукашенко: Полска и балтичките земји шират гласини за наводен напад од страна на Белорусија

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги обвини балтичките земји и Полска дека шират гласини во медиумите за наводниот план на Белорусија да ги нападне „бидејќи им се потребни финансиски средства“.

„Им требаат пари. Ниту трите балтички држави, поранешните републики на Советскиот Сојуз, ниту Полска немаат доволно моќ да ги задоволат нивните барања, особено воените“, рече тој за време на состанокот со претставници на безбедносните структури во Минск, пренесе агенцијата Белта.

Според него, проверките на вооружените сили кои моментално се вршат во Белорусија немаат никаква врска со какви било подготовки за војна.

Би можело да ве интересира

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а потоа вината да ѝ ја префрли на Украина

Лажни банкари им ги празнеле сметките на граѓаните: Разбиена огромна криминална мрежа со центри во Украина

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Почина 24-годишниот напаѓач кој уби шест лица во Полска

Австриец е шестата жртва во нападот во Краков, напаѓачот се бори за живот

Горан Наумовски