Австриец е шестата жртва во нападот во Краков, напаѓачот се бори за живот

Од:

Напаѓачот, 24-годишниот Михал О., кој во саботата изврши напад на Главниот плоштад во Краков – при што загинаа шест лица, а 16 беа ранети – се наоѓа во критична состојба, соопшти војводата на Малополското војводство, Кшиштоф Кленчар.

Тој изјави дека 16-те повредени лица се згрижени во шест болници низ Краков, при што 14 од нив се во стабилна состојба.

Меѓу тешко повредените има и двајца полицајци кои учествувале во апсењето на напаѓачот. На двајцата им била потребна реанимација и тие остануваат под медицински надзор; еден од нив е сè уште во тешка состојба.

Кленчар го потврди и идентитетот на шестата жртва – 51-годишен австриски државјанин. Претходно беше објавено дека меѓу жртвите имало четворица полски државјани и еден британски државјанин.

Војводата на Малополското војводство изјави дека полицајците не примаат посетители и дека добиваат интензивна медицинска нега.

Би можело да ве интересира

Приведен еден од напаѓачите на лекарот и медицинската сестра во „Јане Сандански“, полицијата трага по таткото

Горан Наумовски

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а потоа вината да ѝ ја префрли на Украина

Лажни банкари им ги празнеле сметките на граѓаните: Разбиена огромна криминална мрежа со центри во Украина

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Почина 24-годишниот напаѓач кој уби шест лица во Полска