Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Од:

Шумски пожари беснеат низ цела Албанија веќе трет ден, а ситуацијата е особено критична во приморскиот одморалиште Борш на брегот на Јонското Море на југот од земјата.

Пожарите кои избувнаа се проширија на куќи и хотели. Според соопштението на албанското Министерство за одбрана, 40 лица, вклучувајќи туристи, се евакуирани, објави агенцијата Анса.

Повеќе од 200 лица од цивилната заштита, противпожарните и воените лица се ангажирани во гаснењето на пожарите, со помош на два воени хеликоптери.

Ситуацијата околу градот Валона, особено во населбата Канина, моментално е под контрола.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

А1он