Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Од:

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“, во предел кај Пустец.

– Пожарникари од општина Пустец, други сили од јавните служби, граничната полиција се на терен, со цел да го спречат ширењето на пожарот. Но, ситуацијата е критична поради високите температури и ветерот кој го распламтува огнот, објави Топ чанел.

Пожар од големи размери, на Сува Планина во националниот парк „Преспа” имаше и на почетокот на август минатата година, кога беше опожарената површина над 300 хектари.

Се закануваше да стигне до граничниот премин „Горица” и до селото Горна Горица, а во гаснењето се вклучија и македонски хеликоптери.

Според Министерството за одбрана на Албанија состојбата со пожарите во земјава е загрижувачка бидејќи пожари има од југот до северот на земјата.

-Моментно има 17 активни пожари и продолжува работата за нивно изолирање и гаснење. На терен се распоредени над 1.000 воени и цивилни сили, заедно со 5 хеликоптери од армијата, како и еден од Унгарија, а од попладнево и два канадера од Италија и Хрватска, објави Пирот Венгу, министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Создадена е „огнена бура“: Пожарот се заканува да проголта цел град, луѓето бегаат во паника

Предраг Петровиќ

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица