Полицијата уапси 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко

Од:

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 18 часот го уапси Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади.

Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина.

Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема.

Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен

А1он

ЦУК: Активен e пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково e под контрола

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни

(ВИДЕО) Пламна пожар во атарот на селото Бајково на планината Ограждена, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле

Горан Наумовски