Трамп се расправа со врховниот лидер на Иран на социјалните мрежи

Од:

Додека Израел и Иран разменуваат оган во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи разменуваат пораки на социјалните мрежи.

Трамп објави на Truth Social дека САД имаат „целосна и тотална контрола врз воздушниот простор над Иран“. Тој, исто така, упати лична закана до Хамнеи: „Знаеме точно каде се крие таканаречениот „врховен лидер“. Тој е лесна цел, но таму е безбеден – нема да го извадиме (убиеме!), барем не засега“.

Трамп додаде дека „нашето трпение е при крај“ и ја заврши објавата со зборовите: „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“

Сепак, нема индикации од Техеран дека ова ќе се случи.

Во серија објави на X, преку сметки на различни јазици, Хамнеи рече дека Иран „никогаш нема да се помири со ционистите“.

„Нема да покажеме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Во друга, тој објави: „Битката започнува“.

Би можело да ве интересира

Криста Пајк (50), која преживеа неуспешно погубување со смртоносна инјекција, првпат проговори: „Сè уште чувствувам болка“

ВИДЕО: „Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит

(ВИДЕО) Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија