Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Од:

Градноначалничката на Скопје Данела Арсовска тврди дека добила информации за договор во власта за како што вели „креирање хаос во Скопје преку јавните претпијатија“. Според неа целта е да се дефокусира од легализацијата на дивоградбите во Чаир за кои таа зборува во последниов период.

– Им се дестабилизира милионскиот бизнис. Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми. Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје. Ќе почнат со ЈСП, па со Комунална хигиена и ќе креираат хаос за да дефокусираат и да владеат. Ете што ќе се случува од денес. Бизнис коалицијата со Ганиу, Меџити и Адеми, не смее да трпи.

Вчера, во Советот на Град Скопје имаше неуспешен обид да се дискутира токму за оваа тема, но точката воошто не доби поддршка за да биде ставена на денвен ред.

Арсовска во последниов период, објави документи за кои тврди дека докажуваат дека во Општина АЧир се правени фалификати за да бидат легализирани објекти кои според закон нема можност да бидат легализирани.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он