Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можен договор меѓу Русија и Украина следната недела.

– Се надеваме дека Русија и Украина ќе постигнат договор оваа недела. Тогаш и двете ќе почнат да прават голем бизнис со Соединетите Американски Држави и ќе заработуваат богатство, напиша Трамп на социјалната мрежа „Вистина“.

Велигденскиот прекин на огнот на фронтот во Украина е на сила до полноќ.

Москва тврди дека украинските сили се обиделе да ги нападнат населбите Суха Балка и Богатир во ДНР и дека користеле 48 дронови.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе го поздрави продолжувањето на еднодневниот велигденски прекин на огнот, прогласен од рускиот претседател Владимир Путин.

Украина предлага Русија да ги прекине нападите со беспилотни летала и ракетни напади врз цивилната инфраструктура на најмалку 30 дена, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Доколку Русија не се согласи на таков чекор, тоа ќе биде доказ дека има намера да го продолжи само она што уништува човечки животи и ја продолжува војната“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

Властите во Киев не го почитуваа примирјето на Велигден, користејќи американски ракети ХИМАРС за удари, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја пораката од американскиот Стејт департмент во која се изразува надеж за продолжување на прекинот на огнот по Велигден.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција