Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич

Од:

Фамилиите на Филипче, Заев и Мицкоски имаат свои приватни фирми во бугарскиот град Петрич. На ваков начин, коалицијата ДПМНЕ – СДСМ дополнително е споена од бугарскиот пазар и од тактиките за финансирање на партиите преку странски пари, што е кривично дело, велат од Левица.

– Баџанакот на Мицкоски, Јорданчо Јанев од Струмица, како еден од најблиските соработници на Мицкоски, е сопственик на фирма во Петрич преку која се вртат милиони евра. На адресата на фирмата на Јорданчо во Петрич е регистрирана уште една фирма, чиј сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски.

Венко Филипче има регистрирано фирма за недвижности во Петрич – Бугарија на ул. ,,Гоце Делчев” бр. 12. На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви.

Бугарските газди, роднини на Мицкоски, се јавуваат и како донатори на ДПМНЕ, со илјадници евра уплатени на сметката на партијата и пренасочени на изборни сметки. Наспроти тоа, самопрогласениот патриот Мицкоски, се колнеше дека ќе ја спречи ,,бугаризацијата“ на Македонија.

Додека СДСМ и ДПМНЕ си делат тендери, функции, ,,амнестии” и фирми во Бугарија,
Обвинителството ги оправдува, УЈП и Антикорупциската комисија молчат, а парите од македонскиот народ завршуваат во џебовите на домашните предавници со странски интереси, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

Би било некултурно да се очекува да ни се промени ставот за Бугарија преку ноќ, вели Мицкоски пред посетата на Кошта

Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват, вели премиерот за предлогот на Мерц

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Владата нема информации за унгарското државјанство на Груевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски