Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Од:

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со претседателката на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, и претставници од општинската организација, оддадоа почит и положија цвеќе пред споменикот „Жена борец“, на Могилата на непобедените и во меморијалниот Музеј „11 Октомври 1941“, односно во зградата на поранешниот участок, во Прилеп.

-Жртвата на борците од НОБ е вградена во темелите на македонската државност, а нивната храброст и непокор се траен потсетник дека слободата, правдата и достоинството се вредности за кои борбата продолжува – напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа Фејсбук.

СДСМ, вели тој, е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба. Тоа наследство претставува аманет и обврска да ја чуваме државата, да ја развиваме и да создаваме подобра иднина за генерациите што доаѓаат.

-Нашите предци, борците од НОБ, се изборија да имаме своја држава, наша историска задача е да се избориме нивната жртва да има смисла, Македонија да биде слободна, праведна, демократска и европска држава во која младите ќе ја градат својата иднина, порачува Филипче.

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски