Социјални медиуми користат 36,2 проценти од фирмите со 10 или повеќе вработени

Од:

Употребата на социјалните медиуми, како социјални мрежи, блогови, веб-страници за споделување на мултимедијална содржина (Facebook, Twitter, YouTube, …), или wiki-алатки за споделување знаење, во јануари годинава е застапена кај 36,2 проценти од фирмите со десет или повеќе вработени.

Според податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика, во јануари широкопојасен пристап на  интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91,5 проценти  од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид мобилна конекција) имале 43,8 проценти од деловните субјекти. Педесет и седум проценти од деловните субјекти за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта,  документите или апликациите на претпријатието, а 41 процент на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба.

Во јануари година, 32,4 проценти од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, а 26,1 процент од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Преносливи уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone), што овозможуваат мобилен пристап на интернет, за деловна употреба користеле 6,6 проценти од вработените.

Би можело да ве интересира

Почина поранешната шефица на YouTube

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

МВР потврди дека го чешла интервјуто на Латас – се е документирано

А1он

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска