На Twitter не работи речиси ништо

Од:

Корисниците на Твитер не можат да одат на други веб-сајтови и да гледаат фотографии поради голем bug што ја погоди социјалната мрежа.

Пред неколку дена Twitter доживеа крах, а сега голем дел од корисниците кои доаѓаат на страницата ги чека порака дека се работи за грешка. Пред тоа, некои корисници не можеа да отворат ниту една врска на Твитер.

Пораката за грешка укажува дека има проблем со API на Twitter, системот што го користи за комуникација со други сервиси, пишува Independent.

Ова значи дека врските споделени на страницата воопшто не можат да се видат. Линковите исто така беа прикажани како празни блокови во боја.

TweetDeck, поспецијализираната услуга за следење твитови на компанијата, исто така се чини дека не работи поради истите проблеми. Корисниците видоа дека апликацијата е целосно празна во исто време кога врските повеќе не може да се видат.

Компанијата, која сега е во сопственост на милијардерот Илон Маск, неодамна објави дека значително ќе ја намали својата бесплатна поддршка за API. Тоа ги „уби“ услугите на трети лица.

На 26 февруари, Твитер објави дека новата услуга ќе дојде многу наскоро. Можно е најновите проблеми да се резултат на долгоочекуваното пуштање во употреба на тој нов API.

Би можело да ве интересира

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска

Маск го врати профилот на Трамп на Твитер

Ана Ололовска