Острата реторика меѓу Белград и Приштина дел од предизборната кампања, смета европски функционер

Од:

Брисел не верува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е доведен во сериозна опасност и смета дека острата реторика од двете страни треба да се разбере во контекст на предизборната кампања во Косово, изјави за Танјуг функционер на Европската унија, кој побарал да остане анонимен.

– Од интерес на сите е дијалогот да продолжи, особено поради тоа што за десет дена следува извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија и Косово, наведе европскиот функционер.

Истовремено, портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, Маја Кочијанчич потврди дека шефицата на европската дипломатија в понеделник на 7 октомври во Брисел ќе разговара со шремиерите Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

Таа нагласи дека овој состанок ќе биде можност за да се анализира напредокот постигнат во рамки на дијалогот под покровителство на Ештон, а особено во пресрет на ноемвриските избори на Косово.

Кочинајчич не сакаше да ја коментира најавата на Дачиќ дека Белград ќе се повлече од дијалогот, доколку Приштина не ја повлече забраната за престој на српски функционери во Косово за време на предизборната кампања.

– Ја следиме ситуацијата и постојано сме во контакт со двете страни, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски