Зеленски: Путин сака да ја ослабне Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го даде својот одговор на разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Според Скај њуз, тој најпрвин рекол дека се надева оти Трамп ќе го информира за деталите од повикот, но додал дека го поддржува предлогот за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура на 30 дена.

Зеленски рече дека Украина ќе ја поддржи секоја идеја што води кон стабилен и праведен мир, но дека безусловен прекин на огнот би бил подобар чекор напред.

Сепак, наведува тој, идните разговори за Украина без Киев на маса нема да дадат резултати.

Коментирајќи ја руската понуда за ослободување на 23 тешко ранети украински војници, тој рече дека ослободувањето на сите затвореници ќе биде вистинскиот начин Русија да покаже дека е сериозна за мировните преговори.

Како одговор на барањето на Путин да се запре сета странска воена помош и размена на разузнавачки информации, Зеленски рече дека сојузниците на Украина никогаш нема да се согласат на таков потег и дека се надева дека испораките ќе продолжат. Зеленски додаде дека барањето е едноставно обид на Путин да ја ослабне Украина.

Украинскиот лидер исто така рече дека неговите сили процениле дека Русија подготвува нови офанзиви во неколку региони – конкретно Суми, Харков и Запорожје – во обид да го зголеми притисокот врз Киев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нови американски санкции за земјите што соработуваат со Русија

ВИДЕО: Трамп се предомисли, сега вели републиканците да гласаат за објавување на „документите Епстин“

Трамп донесе одлука: Ќе има акција во Венецуела

Трамп повторно го помилува Ден Вилсон, учесник во немирите во Капитол во 2021 година

Зеленски: Русија ги пропушти сопствените рокови за заземање на Покровск и Купјанск

Ушаков: Русија и САД водат дијалог за Украина врз основа на договорот од Анкориџ