ВИДЕО: На Зеленски му рекле да го пофали Трамп и да не зборува за гаранции, не послуша

Од:

Администрацијата на Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за непријатниот инцидент што се случи во петокот во Овалната соба и изрази незадоволство што Зеленски го турна прашањето за безбедносните гаранции, иако САД јасно ставија до знаење дека сакаат да преговараат за тоа подоцна, според извори запознаени со ситуацијата, пишува Гардијан.

Според овие информации, американските власти однапред ја информирале украинската страна дека Трамп сака да потпише економски договор оваа недела, додека безбедносните гаранции ќе бидат разгледани подоцна.

Луѓе на Трамп: Зеленски држеше лекции, го предупредивме да не го прави тоа
Трамп смета дека договорот за минерални суровини е прв чекор кон пошироко економско партнерство, а на своите соработници им порача дека САД практично и даваат безбедносна гаранција на Украина, бидејќи преку овој договор таа ќе има директен интерес за економскиот успех на Украина.

Луѓето на Трамп веруваа дека сето ова е јасно пренесено на украинската страна, вклучувајќи го и советот што американските сенатори му го дадоа на Зеленски во петокот наутро – да го пофали Трамп и отворено да не ги спомнува барањата за посилни безбедносни гаранции.

Сепак, според соработниците на Трамп, Зеленски не го послушал тој совет. За време на средбата, тој изрази сомнеж за ставовите на потпретседателот Џеј Ди Венс за постигнување мир со Русија, а потоа, според мислењето на луѓето на Трамп, му одржа лекција за руската агресија врз Украина, потсетувајќи го дека сето тоа започна уште во 2014 година со анексијата на Крим.

Би можело да ве интересира

Маск: САД треба да ги напуштат НАТО и ОН

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Медведев: Русофобичен митинг против Трамп се одржа во Лондон

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски