Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Од:

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони рече дека праведен мир во Украина е можен само доколку НАТО обезбеди безбедносни гаранции.

„Ова е најефективниот начин да се спречи нова руска инвазија. Праведен и траен мир во Украина е невозможен доколку на Киев не му се дадат гаранции дека Русија нема повторно да ја нападне земјата“, рече Мелони по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Рим.

„Мора да се направат напори за да се постават темелите за праведен и траен мир во Украина, што ќе биде возможно само доколку на Киев му се обезбедат соодветни безбедносни гаранции. Ова би спречило повторување на вакви настани и европските нации кои се чувствуваат загрозени би можеле да бидат безбедни“, додаде Мелони.

Мелони нагласи и дека безбедносните гаранции за Украина треба да се спроведуваат во рамките на НАТО.

„Верувам дека ова е најдобрата структура за да се гарантира мир кој нема да биде ниту кревок ниту привремен, за да нема ризик Европа да западне повторно во драмата на војната. Другите решенија ми се чинат покомплицирани и, искрено, помалку ефективни“, заклучи Мелони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Орбан: Судбината на Украина денес е да биде тампон држава што се граничи со Русија

Кабинетот на Ердоган: Медиумите погрешно ја цитираат изјавата на турскиот претседател

Гнев на улиците во Киев: Зеленски го нарекуваат „предавник“

Најмалку двајца повредени во рускиот напад врз Харков

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски