(ВИДЕО) Експлодираа пејџерите на членовите на Хезболах: „Ги видов како крварат“

Од:

Десетици членови на либанското движење Хезболах беа повредени откако рачните пејџери што ги користеа за комуникација експлодираа.

Либанската државна Национална новинска агенција објави дека инцидентот се случил во јужните предградија на Бејрут, кој е упориште на вооружената група поддржана од Иран, и во неколку други региони, пишува Би-Би-Си.

Репортерот на Ројтерс објави дека видел 10 членови на Хезболах како крварат.

Во меѓувреме, официјален претставник на движењето изјави за новинската агенција дека инцидентот претставува „најголем безбедносен прекршок досега“.

Израелската армија се уште не го коментираше настанот. Израел постојано предупредуваше дека може да започне воена операција за протерување на Хезболах од границата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа