Ештон: Србија е на вистинскиот пат

Од:

Српскиот претседателот Томислав Николиќ од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, доби потврда дека Србија е „на вистинскиот пат“ и дека во декември нема да има изненадувања од Брисел околу почетокот на пристапните преговори, јави Танјуг.

– Ештон рече дека во декември нема да има изненадувања и дека ние со право сметаме на отпочнување на преговорите (за членство во ЕУ), во кои веќе нема да има отстапувања од европска страна, изјави Николиќ по средбата со Ештон во Њујорк.

Српскиот претседател рече дека на високата претставничка на ЕУ и укажал на „нелогичностите и неправилностите“ во изборните акивности пред локалните избори во Косово, што, според него, ја доведува во прашање не само нивната регуларност, туку поддршката на Белград за нивно спроведуување.

Според Николиќ, Ештон изјавила дека веднаш ќе преземе мерки, во врска со забелешките на Белград на организирањето на локалните избори во Косово, „од кои, за некои ни таа немала информации и доволно податоци“.

– Доколку немаме свои членови во избирачките одбори, доколку немаме член во Централната изборна комисија, доколку од 11.000 избирачи кои досега се пријавиле од Србија за гласање само 200 се прогласени за вистински гласачи, тогаш тоа е знак дека некој повторно се обидува да не прејде, рече Николиќ.

Тој изјави дека Србија од овие избори очекува дека „своите луѓе конечно ќе ги упати на соработка со европската заедница и целиот свет, ќе им обезбеди легитимитет и легалитет за да можат јавно и отворено да ги изнесат своите проблеми и да бараат решенија“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија