Најмалку 15 полицајци загинаа во вчерашните терористички напади во Дербент и Махачкала, во јужниот руски регион Дагестан, соопшти гувернерот Сергеј Меликов. Шест вооружени напаѓачи се убиени, соопшти Националниот антитерористички комитет.
Dagestan:
Let's summarize:
▪️Unknown people in Derbent and Makhachkala attacked Orthodox churches, synagogues and traffic police posts.
▪️More than 15 police officers and several civilians became victims of the attack.
▪️The sons of the head of one of the districts of Dagestan… pic.twitter.com/vWgIFAoSlB— 🇺🇦 paolo rel (@paolobucci18) June 24, 2024
Напаѓачите отворија оган врз синагога и црква во Дербент, како и врз православна црква и две полициски станици во Махачкала, по што во тие градови бил воведен режим на антитерористичка операција.
Според податоците на републичкото Министерство за внатрешни работи, во болницата во Махачкала се префрлени 16 лица – 13 повредени полицајци и тројца цивили.
Во Дагестан од денеска е прогласена тридневна жалост.