Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Од:

Народот го кажа своето. Им честитаме на сите граѓани. Имавме мирен изборен ден во кој граѓаните слободно и во голем број ја искажаа својата политичка волја, кажа портпаролотот на ДУИ, Арбер Адеми по завршувањето на првиот круг на претседателските избори.

„Ова е наш заеднички успех за кој сакаме да им честитаме на сите останати учесници. Покажавме демократска зрелост каква што и доликува на земја-членка на НАТО и земја преговарач со ЕУ. Секако, сакаме да им се заблагодариме на сите граѓани кои гласаа за нашиот кандидат, др. Бујар Османи. Со тоа го доверија и гласот за Европскиот фронт. Сакаме да знаете дека вашата волја е запишана и таа ќе биде дел од идните политики на Република Северна Македонија. Тоа суштината за демократијата, граѓаните да одлучуваат за се, за својата иднина и нивната волја да се почитува“, кажа Адеми.

Тој посочи дека очекуваат голема победа на Бујар Османи, согласно излезноста која е забележана на овој круг на претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина