Таравари: Промените се во кутиите кои полека се отвораат, се надевам дека на 8 мај ќе победиме

Од:

Ви благодарам што толку масовно излеговте на гласање. Во овие избори имаше помасовно излегување, што зборува дека промените ни доаѓаат. Ние како Влен сме пресреќни дека добивме гласови, генерално од Албанците, рече кандидатот за претседател Арбен Таравари на првата прес конференција по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.

„Промените се во кутиите кои полека се отвораат. Гласот на граѓанинот не треба да се злоупотребува никако. Се надевам дека на 8 мај Влен ќе победи и ќе дојде долгоочекуваната промена, ДУИ да отиде во опозиција“, рече Таравари.

Тој изрази надеж дека нивните набљудувачи на изборните места ќе следат целосно како се одвива процесот на броење на гласовите и дека нема да има проневери.

Би можело да ве интересира

Таравари: Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

На домашно лекување одат 12 пациенти од вкупно 39 болнички згрижени по трагедијата во Кочани

Таравари: Утрово се разбудив со 50 пораки со прашања за оставка, останувам министер

Осуммина од повредените неделава треба да се вратат од странство, четворица се во критична состојба

Подготвен протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пациенти кои се лекуваат во странство

Предраг Петровиќ