Познатиот британски готвач Џејми Оливер отвори ресторан во Белград.
„Белград, отворени сме. Големи честитки за мојот тим кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава. Вратите сега се официјално отворени. Многу сум горд!“, напиша Џејми Оливер на својот Инстаграм профил и сподели фотографија од персоналот.
Во согласност со името на ресторанот „Jamie’s Italian“, на менито се нудат главно италијански специјалитети, а цените на пиците се движат од 850 до 1.555 динари.
Кога станува збор за тестенините, најевтини се равиоли со тартуфи, кои чинат 975 динари, а најскапа тестенина се сицилијанските лингвини со гамбори – чинат 1.755 динари.
Нудиме и јадења со месо, како и традиционални италијански десерти како што се тирамису и панакота.
Ресторанот се наоѓа на улица Херцеговачка 14.