ДИК бара да може да се гласа со документи без „Северна“

Од:

Државната изборна комисија предлага во Изборниот законик да се внесе преодна одредба која ќе овозможи гласање на овие избори и со документите без „Северна“ кои се уште се важечки, кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Сега се чека на Собранието, дали ќе даде зелено светло за гласање со стари, но важечки документи.

„Како ДИК до Собранието дадовме еден предлог до Собранието – во Изборниот законик да се направи измена во која ќе има преодна одредба само за овие избори, да важат и старите важечки документи за да можат да гласаат сите граѓани. Дали тоа ќе се усвои или не, зависи од Собранието“, вели Даштевски.

Даштевски посочи дека лицата кои навршуваат 18 години ќе бидат внесени во Избирачкиот список, но само оние кои ќе се пријават.

„За полнолетните е изнајдено решение и точно се знае според закон до кога ќе можат да се запишуваат. Тоа што е во законот, тоа е“, кажа претседателот на ДИК.

На денешната седница меѓу другото се комплетираше седумчлениот состав на ДИК, откако Абдуш Демири даде свечена изјава, место кое беше испразнето по заминувањето на Кренар Лога, кој стана министер за правда. Даштевски посочи дека очекува Демири совесно и професионално ќе ја извршува својата задача.

„Во претходните мои изјави бев оптимист и бев сигурен дека ќе се избере членот, така што комплетиран е составот на ДИК со седум члена и не се остава простор за било какви манипулации што би можело да создаде едноставно сомнеж, а не значи дека ќе има“, посочи Даштевски.

Демири пак, изјави дека ќе ги извршува своите задачи согласно Изборниот законик.

„После еден долг процес од една година, конечно албанската опозиција го доби својот претставник во ДИК. Не знаеме зошто овој процес се одолговлекуваше, иако со закон местото беше резервирано за албанската опозиција“, рече Демири.

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ