Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски презентира докази за наводното криминално работење на актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

– Во Македонија има јасно дефиниран систем за избор и исплата на финансиски средства во делот на земјоделството. Овој процес е дерогиран од страна на Љупчо Николовски, кој на страна од системот кој е законски воспоставен по примерот на Европската Унија, а тоа е Министерството за земјоделство од една страна и платежната агенција од друга страна, односно истиот носи одлука за доделување на финансиски средства директно преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Љупчо Николовски донел програми спротивно на прописите за финансиско управување и контрола и една иста комисија надлежна да врши избор на корисници, следи имплементација, врши контрола односно едно исто службено лице во исто време е одговорно за одобрување, извршување и контрола на буџетското трошење на средствата што е спротивно на сите акти за финансиска контрола со што оставил простор да се влијае на начинот на распределбата на над 2.5 милиони евра народни пари. На овој начин Николовски директно извршил упад во системот, бидејќи иако министерството е орган кој што ги планира мерките за финансиска поддршка и го оценува нивното влијание, сепак нивното исплаќање се врши преку платежната агенција, со тоа Николовски директно ја нарушил системската поставеност на институциите.

Ја информирам јавноста дека ова се документи кои што се прибавени директно од министерството и за кои има цврсти докази на кои ќе се презентираат програма по програма и како се распределувале средствата преку министерството, но и кои биле членовите преку кои, повторувам уште еднаш, Николовски можел директно да влијае и да фаворизира одреден апликант – истакна Трипуновски на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД