СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

Од:

Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија, велат од СДСМ

– Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во делчевскиот регион веќе најавија прекин на откупот на млеко, со што голем број производители остануваат без пласман за своето производство и без сигурност за сопствената егзистенција. Сточарите трпат загуби, а валаста дозволи големите фирми профитираат од високите малопродажни цени на млекото и млечните производи. Дополнително две недели се крие кои се фирмите чии млечни и месни производи отстапуваат од декларираните состојки. Мицкоски и Трипуновски за две години го доведоа земјоделството до целосен колапс. Бараме итна реакција за да се обезбеди непречен откуп на млекото и да се спречи дополнителна штета. Власта преку интервентната програма веднаш да воведе посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко, за да се ублажат последиците од кризата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски