А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

by А1он11/06/2026 - 13:4585
Share0

Христијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски. По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски. Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјатам велат од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Сега на сите земјоделци им е кристиално јасно дека зад катастрофалната состојба во земјоделството, намалените субвенции, неисплатените субвенции, корупциските скандали стои Христијан Мицкоски. За само 2 години македонското земјоделство е на колена, земјоделците едвај преживуваат. Субвенциите се намалени за дури 40 милиони евра и не се исплаќаат, намалена е поддршката за тутунот од 100 на 80 денари за прва класа, укинати се низа мерки за малите земјоделци, лозарите, оризопроизводителите, намалени се субвенциите за говеда од 12.000 денари на само 8.000 денари.

Сточарството е доведено на раб на колапс, бројот на грла се намалува, а сточарите секојдневно се жалат на намалените откупни цени на млекото. Во време кога цените во маркетите растат откупната цена на млекото се намалува. Па каде завршува разликата? Откупните цени се понижувачки, а производствените трошоци постојано растат. Лозарите, овоштарите, тутунарите и градинарите се оставени без никаква поддршка. Тоа го потврдуваат и бројките, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти, директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот. Додека нема пари за земјоделците оргомни корупциски скандали се случија, како скандалот со ИПАРД програмата, митото од 50 илјади евра и многу други. Затоа денес е јасно зошто Трипуновски остана, само затоа што зад себе ја има заштита од Мицкоски. Прво го спасија од корупциски скандали, после го спасија и од политичка одговорност. До кога? Дали поради бизнис интереси, тендери, провизии? Јавноста ќе дознае, вистината не може да се сокрие, тврдат од партијата.

cvetan tripunovskimickoskisdsm

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Горан Наумовски06/11/2026 - 13:31

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски06/11/2026 - 09:1906/11/2026 - 10:04

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

Горан Наумовски05/11/2026 - 16:19

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски05/11/2026 - 15:3005/11/2026 - 15:34

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 12:32

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски03/11/2026 - 11:4303/11/2026 - 12:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео