Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во општината Чешиново – Облешево, нагласи дека со смената на министерот за земјоделство нема да се решат проблемите во земјоделството, а новиот министер за земјоделство треба прво да одговори дали има бугарски пасош и резервна татковина.

„До пред неколку месеци жестоко го бранеа министерот за земјоделство, на кој што ние му поднесовме интерпелација, која не помина во Собранието, за после само неколку недели да предложат друг министер за земјоделство, со спорна биографија, и има едно многу интересно прашање, а тоа е дали поради овој министер кој што сега е предложен за земјоделство не помина предлогот највисоките функционери во Владата да немаат двојни државјанства? Овој предлог човек за министер треба да каже дали има резервна татковина, односно дали има бугарски пасош. Така што, очигледно е дека во овој сектор, за жал, луѓето нема да видат ништо добро“,рече Филипче.

На средбата Филипче посочи дека земјоделците се во катастрофална состојба поради промашените политики и незаинтересираноста на власта. Оризот седи по амбарите, нема откуп, земјоделците се пред пропаст.

„Трагична незаинтересираност на власта. Има заостанати количини од минатата година. Само половина од произведениот ориз е откупен од минатата година, 50% седи по амбарите, никој не е заинтересиран да го откупи, глувци има по амбарите, што ризик да се прошират болести во овој регион. Дополнително на сите овие проблеми, нема никаква насока ниту најава за откупни цени или субвенции за оризот којшто се произведува оваа сезона“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Кошутиќ: Надлежните институции и ЈО да го разгледаат ревизорскиот извештај за Железници Транспорт, да се утврди одговорност

Предраг Петровиќ

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

Предраг Петровиќ

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ