Дачиќ: Односите меѓу Србија и Црна Гора ќе бидат искрени и без задни намери

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој престојува во официјална посета на Црна Гора, денеска изјави дека односите меѓу Белград и Подгорица ќе бидат искрени и без задни намери, додека неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ истакна дека меѓу двете држави има се помалку нерешени прашања.

Дачиќ најави дека двете влади ќе работат на унапредување на економската соработка и меѓусебно ќе си помагаат во евроинтеграциите, додавајќи дека Србија секогаш ќе се интересира за правата на Србите во Црна Гора и ќе се грижи за правата на Црногорците во Србија.

Ѓукановиќ и Дачиќ соопштија дека полициската соработка е на повисоко ниво, најавувајќи, за разлика од претходните години, унапредување на економската и сообраќајната соработка.

Двајцата премиери разговарале и за двојното државјанство и заклучиле дека ова прашање ќе биде решено согласно европските правила, потсетувајќи дека Подгорица и Белград во врска со тоа имаат целосно различни ставови.

Дачиќ изразил очекување дека Србија и Црна Гора ќе бидат следните членки на ЕУ.

Српскиот премиер денеска, исто така, имаше средби и со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ. со претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ, како и со претставници на црногорската опозиција.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on